Иран, Либан, Ирак и Јемен ќе разговараат за одмазда против Израел

Највисоките ирански претставници денеска ќе се сретнат со претставници на иранските регионални сојузници од Либан, Ирак и Јемен за да разговараат за потенцијална одмазда против Израел по убиството на лидерот на Хамас во Техеран.

Ова за Ројтерс го потврдија пет извори.

Регионот се соочува со ризик од проширување на конфликтот меѓу Израел и Иран по вчерашното убиство на Исмаил Ханије во Техеран и убиството во вторникот на висок командант на Хезболах во израелски напад на периферијата на либанската престолнина Бејрут.

Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот. Израел, кој е во војна со Хамас во Појасот Газа, ниту го призна, ниту го негираше убиството на Ханије, која беше во Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран.

Израел има долга историја на убивање непријатели во странство, вклучително и ирански нуклеарни научници и воени команданти.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вчера му нареди на Иран директно да го нападне Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран.

Вчера во Техеран беше поставен плакат со закана за Израел со порака на хебрејски.

„Очекувајте смртна казна“, е натписот што се гледа на плакатот, на кој во позадина има и фотографија од Исмаил Ханије и џамијата Ал Акса во Ерусалим.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Свет

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Read more

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Read more

Иран заплени десетици Starlink антени

Read more

Макрон предупреди: Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе