Иран е подготвен да ја прошири соработката со Русија во енергетскиот сектор, вклучувајќи го и развојот на „мирољубива“ нуклеарна енергија, изјави иранскиот министер за економија Ехсан Хандузи во интервју за руската новинска агенција РИА.
„Можностите за соработка на полето на ‘новата енергија’ и обновливите извори на енергија, како и на полето на другите видови енергија, вклучително и мирољубивата нуклеарна енергија, секако предизвикуваат голем интерес и мотив за проширување на економските односи со Русија“, вели Хандузи.
Иран и Русија соработуваат во изградбата на иранската нуклеарна централа Бушер. Русија почна да испраќа нуклеарно гориво до Бушер кон крајот на 2007 година, потег за кој и Вашингтон и Москва рекоа дека ја отстрани секоја потреба Иран да има своја програма за збогатување ураниум.