Иран тестираше ракета и покрај притисокот на Трамп

Иран ја тестираше новата балистичка ракета Хорамшахр со дострел од 2.000 километри и со способност да носи неколку конвенционални боеви глави, со што може да погоди неколку цели истовремено, јавија западните агенции, повикувајќи се на Иранската државна телевизија.

Новата ракета беше прикажана вчера, за време на воена парада во иранската престолнина Техеран. Кога точно се случила пробата не е соопштено, а државната телевизија покажа само кадри од тестирањето.

Веста за ракетното тестирање доаѓа во тензичен момент меѓу Иран и САД во врска со иранската нуклеарна договор, која е остро критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп.

Иран веќе поседува две ракети – Гадр-Ф и Сеџил кои имаат дострел од 2.000 километри и се способни да го погодат Израел, но исто така, можат да стигнат и до американските бази во регионот.

Иранскиот претседател Рохани најави дека без оглед на критиката од САД, иранската ракетна програма ќе биде продолжена.

„Ние се залагаме за мир во регионот и во светот, но за одбраната на нашата безбедност, не ни требаат дозволи“, изјави Рохани на воената парада во Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор пред Генералното собрание на ОН, го критикуваше Иран како дестабилизирачка сила во регионот и се закани со откажување на Нуклеарниот договор со Техеран. Трамп го нарече Иран „економски исцедена отпадничка држава“, која извезува нестабилност. На овој режим на убијци не треба да му се дозволи да продолжи со своите активности, истакна Трамп, алудирајќи на војните во Сирија и во Ирак, во кои покрај Иран, се инволвирани и САД. Иранскиот водач, ајатолахот Али Хамнеи говорот на Трамп го отфрли како „евтин, грд, глупав и базиран врз лаги“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе