Иранската вакцина е ефикасна 90 отсто, покажуваат првичните резултати

МИА / КАЈГАНА
/ 22.02.2021 / 11:19

Иран денеска потврди дека нивната прва вакцина против COVID-19 е ефикасна во 90 проценти од случаите, покажаа првичните резултати од клиничките испитувања.

Мохамед Реза Салехи, кој ги предводи клиничките испитувања за вакцината наречена COVIran Barakat, за иранската агенција IRNA изјави дека тестовите врз волонтерите кои учествувале во првата фаза од тестирањето покажале подобри резултати отколку што се очекувале.

-Прелиминарните резултати покажуваат дека 90 проценти од луѓето кои примија две дози од вакцината имаат докази за развој на имунитет, рече Салехи.

Ирански официјални лица претходно соопштија дека COVIran Barakat е 100-процентно ефикасен против британската мутација на COVID-19.

Вкупно 56 волонтери на крајот на декември ја примија првата доза на вакцината, а втората во февруари.

Втората фаза од тестирањето треба да почне пред крајот на иранската календарска година на 20 март и ќе трае до мај.

Вакцината COVIran Barakat ја развива државната организација Shifa Pharmed Industrial Group.

COVIran Barakat не е единствената иранска вакцина што се развива, бидејќи втората е Razi Cov Pars, што наскоро треба да почне да се тестира на луѓе. Оваа вакцина ја развива Рази институтот за вакцини и серумски истражувања.

Официјални ирански лица се надеваат дека вакцинирањето на населението со домашната вакцина ќе почне за неколку месеци.

Иран, истовремено, се обидува да воведе неколку вакцини, вклучително и вакцини од универзитетот Оксфорд и AstraZeneca, кинеската Sinipharm и индиски „Берат“.

Досега во Иран е пристигната само руската вакцина Спутник V, но во помали количини, која во моментов е наменета за здравствените работници кои се борат против COVID-19.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе