Ирански политичари го запалија американското знаме во парламентот

Ирански политичари го запалија знамето на САД и пееја „смрт за Америка“ за време на седницата на парламентот. Причина за тоа е одлуката на Доналд Трамп околу повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран.

После одлуката на Трамп за повлекување и воведување на нови економски санкции на Иран, иранските политичари одржаа протести во парламентот, односно својата лутина ја демонстрираа преку палење на знамиња и палење на дел од нуклеарниот договор.

Функционерите во Техеран изјавија дека тој договор може да се спаси, а човекот кој ја водеше седницата на иранскиот Парламент истакна дека одлуката на Белата куќа е „дипломатска претстава“, која може само да придонесе за изолација на САД.

Европските сили ги вложија сите напори да го одржат овој договор во живот, а Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ претставуваат мнозинство од седумте потписници на договорот, кој официјално е познат како Заеднички сеопфатен акциски план (JCPOA).

Покрај овие земји, потписници на овој договор се уште и Кина, САД и Иран.

 

 

Откако Трамп одлучи да излезе од договорот, премиерката на Велика Британија Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседателот на Франција Емануел Макрон, изјавија дека оваа одлука предизвикала загриженост и жалење, но дека останатите потписници ќе останат посветени на овој договор.

„Ја изразуваме нашата константна посветеност кон Заедничкиот сеопфатен акциски план, бидејќи тој е важен за нашата заедничка безбедност. Потсетуваме дека Советот за безбедност на Обединетите нации во резолуцијата 2231 едногласно го поддржа овој договор. Оваа резолуција е меѓународна правна рамка за решавања на спорот со иранската нуклеарна програма. Ги повикуваме сите страни да бидат предадени на потполна имплементација и да дејствуваат во рамките со одговорностите“, изјавија тие во своето обраќање.

За американското воведување на санкции кон Иран, Макрон на Twitter напиша дека всушност станува збор за нуклеарно оружје.

 

 

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Свет

„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Read more

Куба: Од утре повеќе немаме гориво за авиони

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Макрон има нова визија за Европа, дали ќе му помине кај Мерц и Мелони?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Шест лица најдени мртви во Бугарија, истрагата ја разгледува и можноста да се работи за култ

Читај повеќе

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес

Читај повеќе

ЕУ забрани уништување на облека и обувки што нема да се продадат

Читај повеќе

„Европска гордост“ е тоа што Џеј Ди Венс беше исвиркан на отворањето на ЗОИ, вели Калас

Читај повеќе

Куба: Од утре повеќе немаме гориво за авиони

Читај повеќе

Колку се популарни Трамп и Путин во Македонија?

Читај повеќе

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Читај повеќе

Кандидатот на Додик победи на предвремените избори за претседател на Република Српска 

Читај повеќе

Пред 43 години им кажале дека синот им починал, во 2013 година откриле дека е жив

Читај повеќе