Ирецот Деклан Рајс доби дозвола од ФИФА да го облече дресот на Англија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одобри промената на спортско државјанство на младиот Деклан Рајс и отсега па натаму тој ќе биде регистриран како фудбалер од Англија, иако претходно имаше настапувано за репрезентацијата на Ирска.

Фудбалерот на Вест Хем е роден во Лондон, но досега настапуваше за репрезентацијата на Ирска, земјата од која доаѓаат неговите баба и дедо.

Во случај кој беше во фокусот на вниманието веќе подолго време, Деклан Рајс успеа да го промени спортското државјанство иако имаше настап за сениорската репрезентација на Ирска. Според правилата на ФИФА, еден играч не може да настапи за некоја репрезентација доколку претходно имал настап за некоја друга сениорска репрезентација, но олеснителната околност за Рајс беше тоа што неговите три настапи беа од пријателски натпревари.

Сега 20-годишниот Англичанец ќе добие шанса да биде повикан од Герет Саутгејт за следните натпревари на англиската репрезентација, која има завидно силен состав полн со играчи до 23 години.

Англиските медиуми уште сега шпекулираат дека името на Деклан Рајс може да се најде помеѓу репрезентативците одбрани за квалификациските натпревари на Англија против Чешка и Црна Гора, кои се на програмата овој месец.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе