Стил

Ирина Шајк го покажа вајаното тело по породувањето

17. јули 2017 - 18:22 | А.С.

Одржувањето на вито и затегнато тело воопшто не е лесен потфат, без разлика какви гени имате. Меѓутоа, познатата убавица Ирина Шајк, која пред четири месеци се породи со здраво женско бебе, се чини дека ја има магичната формула.

Супермоделот објави фотографија на Instagram во секси долна облека на која го покажа вајаното тело и доби лавина позитивни коментари.

Се чини мајчинството ѝ годи на згодната Русинка, коментираат нејзините следачи. Многумина пишуваат дека таа не е само супермодел, туку и суперчовек бидејќи успева да има такво затегнато тело само четири месеци по породувањето.

Шајк се појави на црвениот тепих во Кан само два месеци по породувањето каде блесна во прекрасен жолт фустан на „Версаче“ со длабоко деколте и шлиц.

Познатата 31-годишна манекенка која е во брак со актерот Бредли Купер, често зборува дека линијата ја одржува со здрава исхрана и фитнес, а според тоа што може да се види од фотографиите, се чини дека оваа млада мајка е подготвена да се врати на сцената.

Коментирај