Ирма однесе 55 животи

Властите објавија дека бројот на жртвите од ураганот Ирма на Флорида се искачил на 12, додека вкупниот број на загинати од невремето е 55.

Најпознатите американски филмски и музички ѕвезди организираа Телетон, со цел собирање пари, неопходни за обнова на регионот погоден од ураганот.

Портпаролот на гувернерот на Флорида, Мекинли Луис, соопшти дека шест лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи, четворица за време на подготовките за невремето, едно лице настрадало од струен удар, додека уште едно лице починало од проблеми со срцето.

Во американската сојузна држава Јужна Каролина загинале четири лица, а во Џорџија две. Иако сега има размери на опасна тропска бура, последиците од ураганот се несогледливи.

Разурнати куќи и милиони жители без струја и вода. Се проценува дека за опоравување ќе бидат потребни неколку години.

Во акцијата за собирање пари за помош, “Рака во рака“ учествуваат, меѓу останатите, Денис Квејд, Бијонсе, Леонардо Дикаприо, Дени Девито, Опра, Шер, Џастин Тимберлејк.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп утре ќе ја посети Флорида.

Карибите, каде бројот на жртвите се искачи на 37, ги посети францускиот претседател Емануел Макрон. Француски авиони доставиле тони храна, вода и лекови, а стигнале и лекари. Макрон нагласил дека враќањето на животот во нормала е приоритет, а средствата за тоа се тука.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе