Irmscher потпишува спортска трансформација на Model Y

Model Y на Tesla можеби не е електричен автомобил со спортски изглед, но има прилично сериозни перформанси. За да го нагласи тоа, германскиот тјунер Irmscher претстави низа визуелни подобрувања кои ќе привлечат внимание.

Irmscher е познат по модифицирањето на моделите на Opel, но овој пат неговите експерти посветија внимание на Model Y. Тие подготвија смели надворешни бои, но и боди кит кој ќе им се допадне на љубителите на франшизата „Fast and Furious“. Посебна забелешка е „лажната“ решетка со шема на пајакова мрежа, која и покрај дизајнот сè уште е затворена и нема никаква функционална намена.

Дел од пакетот се аеродинамични проширувања на браниците, странични прегради и заден дифузор што го прават Model Y повеќе сличен на Model 3, кога станува збор за подигнатоста од тлото. Има и нов сет од 20-инчни тркала Hell Star со црна или дијамантска завршница, како и поголем заден спојлер на задната врата. За оние кои не го сакаат тоа, можат да добијат и двобојна каросерија, која вклучува црна хауба и покрив, како и црни налепници од Irmscher од страните.

Irmscher има работено и на ентериерот, така што на располагање се плочи од нерѓосувачки челик на праговите, велурни патосници, кожни навлаки за седиштата и друго.

Сепак, оние кои сакаат зголемување на моќта ќе мора да се обратат на друга адреса. Електричниот погон на Model Y останува ист.

Цената на модификациите не е јавно објавена и е достапна на барање.

Другите тјунери, вклучувајќи ги Novitec, Adro и Delta4x4, веќе почнаа да нудат подобрувања за електричниот SUV.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Концепти

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Read more

Камп-приколка како врвен луксуз: Porsche прави чуда

Read more

Mansory во свој стил го модифицираше Ferrari SF90 Spider

Read more

Претставен првиот концепт за полициски летечки автомобил

Read more
 

Автомобили

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе
  • filter

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Читај повеќе
  • filter

Aston Martin DB6 сега вози „на струја“

Читај повеќе
  • filter

Дигиталното Porsche Nebula 928 стана реалност

Читај повеќе

Како телото ви кажува дека сте премногу уморни за да возите?

Читај повеќе

На повидок „граѓанска војна“ во Европа поради забраната за возила на дизел и бензин

Читај повеќе