Ирвинг се премисли: Наместо во Нетс, ќе му се приклучи на Леброн во Лејкерс
Пред само една недела американските медиуми пишуваа дека Кајри Ирвинг веќе се договорил со Бруклин Нетс за потпишување на договор со овој тим. Но, трејдот на Ентони Дејвис во Лејкерс промени многу работи во НБА лигата, а со тоа и изборот на нов клуб на Ирвинг.
Како слободен агент, Кајри Ирвинг може самиот да одбере со кој тим ќе потпише договор и каде ќе ја продолжи кариерата. Ова е прв случај во кариерата на Ирвинг кога тој самиот може да решава за својата иднина и е интересно да се види каков ќе биде неговиот избор.
Иако тимот на Бруклин Нетс изгледа како најсериозен конкурент за потпис на талентираниот плејмејкер, како фаворит од сенка за неговиот потпис се појави Лос Анџелес Лејкерс, кој минатата недела успеа преку трејд да го донесе Ентони Дејвис во златно-виолетовиот дрес.
Kyrie Irving has made it known for “months” that he would like to play with Anthony Davis. Irving is still in play for the Lakers this summer as LA looks for a third star, per @davidaldridgedc.
— ProCity Hoops™ (@ProCityHoops) June 16, 2019
Со месеци постојат шпекулации дека Кајри Ирвинг има сериозни намери да игра во ист тим со Ентони Дејвис, а опцијата која ја нудат Лејкерс е уште повеќе примамлива поради присуството на Леброн Џејмс во тимот – играч со кој Ирвинг ја освои единствената титула во професионалната кариера. Двајцата и понатаму се добри пријатели, и покрај тоа што Ирвинг своеволно си замина од Кливленд Кавалирс додека Леброн уште беше таму.
Ова лето изгледа дека ќе биде многу забавно за навивачите на Лос Анџелес Лејкерс, кои сезонава конечно ќе можат да бидат оптимистички настроени околу шансите на тимот за настап во плејофот.
Коментирај