Еден од најпопуларните филмови во поновата македонска кинематографија, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, вечерва ќе има ТВ-премиера.
Филмот ќе се прикаже на првиот канал на Македонската радио телевизија денеска, 24 мај 2020 година, во 21:30 часот.
Исцелител освои бројни интернационални признанија, беше првиот македонски филм прикажан на престижната онлајн платформа „HBO GO“ и доби блескави критики од врвните светски списанија „Variety“ и „Hollywood Reporter“.
„Се надеваме дека нашиот магичен колач ќе ви ја ублажи болката од седењето дома“, порача екипата преку објавата на Facebook.
Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ од Скопје.
Рецензијата на КАЈГАНА за филмот може да ја прочитате ТУКА.