„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа

Скопје, 21 април 2018 (МИА) - Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар дебитантски филм на филмскиот фестивал Let’s CEE  во Виена, Австрија.

- Одлучивме да го наградиме филмот кој успева шармантно да ги спои драмата и комедијата. Филмот раскажува приказна за син кој му помага на својот татко, сместена во мала земја која се соочува со економски проблеми. Заедно со актерите и екипата, режисерот ни прикажува веродостоен лик кој наоѓа посебен кинематски рецепт да ја поправи скршената врска од минатото и да најде нов пат за себеси, соопшти жирито.

Покрај наградата за најдобар дебитански филм „Исцелител“ доби и специјално признание од Синеплекс, кои доделуваа награда за дистрибуција. Тие потенцираа дека „Исцелител“ „го изненадил жирито со хумористичниот начин на кој се справува со комплексна тема.

Филмот се натпреваруваше во официјалната програма заедно со уште 13 филмови меѓу кои и: добитникот на награда на филмскиот фестивал во Сараево романскиот „Меда или не така добра страна на работите“ на Емануел Парву, добитникот на награда на фестивалот во Карлови Вари грузискиот „Деде“ на Мариам Катчавани, добитникот на награда на Софискиот филмски фестивал, бугарскиот „Радиограм“ на Рузие Хаснова и други.

Покрај „Исцелител“ уште еден македонски филм освои награда на  Let’s CEE, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски ја доби наградата за најдобар краток филм.

Фестивалот во Виена има фокус на филмови од високо квалитетни продукции од Централна и Источна Европа, Турција и Кавкаскиот регион. Ова е шесто издание на фестивалот на кое беа прикажани повеќе од 155 долгометражни, документарни и кратки филмови.

Филмот „Исцелител“ од својата премиера до сега, за само три месеци, освои осум награди и учествуваше на 21 меѓународен фестивал. Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите Аксел Мехмет, Диме Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе