Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун е пријавен за исчезнат, а полицијата интензивно трага по него.
Ќерката на Парк го пријавила за исчезнат денеска во 17 часот по локално време, објави CNN.
Полицијата на главниот град на Јужна Кореја трага по Парк во населбата Сунгбук каде е последен пат лоциран неговиот телефон.
Тој ја напуштил службената резиденција во 10 часот и 40 минути, а на себе носел црна капа и ранец.
Од кабинетот на Парк соопштија дека тој не се појавил на работа од непознати причини и ги откажал сите обврски за денеска.
Парк е градоначалник на Сеул од 2011 година, а либералите го сметаат за потенцијален кандидат за претседателските избори во 2022 година.