Исчезна мистериозниот монолит откриен во пустина во американската држава Јута, соопштија локалните власти. Монолитот е отстранет во петокот вечерта, од непознати лица, открија од Бирото за управување на земјата, пренесе CNN.
„Не истражуваме прекршоци кои вклучуваат приватна сопственост и со кои се занимава канцеларијата на локалниот шериф. Добивме извештаи дека нелегалната структура наречена „монолит“ е отстранета“, наведуваат од Бирото.
Оваа структура беше пронајдена во текот на хеликоптерска патрола.
Иако официјалните власти одбија да ја откријат локацијата на објектот, од страв дека ќе привлече многу љубопитни лица кон дивината, сепак некои истражувачи успеаја да го пронајдат монолитот.
Тие оценија дека личи на авангардна изработка на Џон Мекракен, американски уметник кој некое време живееше во сојузната држава Ново Мексико, а кој почина во 2011 година.