Хроника

Исчезна штитеник од домот „Ранка Милановиќ“

20. ноември 2018 - 15:18 | МИА

Скопје, 20 ноември 2018 (МИА) – Дванаесетгодишен штитеник од домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје исчезнал на 14-ти овој месец.

Како што соопшти МВР, случајот вчера во полициската станица Гази Баба го пријавила социјална работничка од домот „Ранка Милановиќ“.

Полицијата презема мерки за наоѓање на детето.

Коментирај