Неколку дена откско Илон Маск го презеде Twitter, исчезна профилот на славната актерка Амбер Херд, пренесе People.
Херд беше во врска со Масk во периодот меѓу 2016 година и 2018 година, по нејзиниот развод од актерот Џони Деп.
Исчезнувањето на нејзиниот профил прв го забележа јутјуберот Метју Луис, познат како That Umbrella Guy, кој вчера твитна дека актерката го избришала профилот, односно дека истиот повеќе не постои.
Нејасно е дали актерката сама го отстранила профилот, ниту се познати причините за деактивацијата. Таа е една од славните личности кои си заминаа од Twitter, претходно деновиве истото го направија Тони Брекстон, Шонда Рајмс, Мајк Фоли и други.
„Хммм, изгледа дека на некој не му се допаѓа тоа што бившиот има пристап до профилот и личните пораки“, твитна Морган Тремејн, новинар кој претходно работеше во TMZ и сведочеше во судската битка на Амбер против Џони Деп.