Исчезнатата Вања последен пат забележана кај „Броз кафе“, телефонот ѝ е исклучен

МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откако вчера, во 8:35 часот, мајка ѝ пријавила дека е исчезната.

Мајката на исчезнатото девојче за „Макфакс“ раскажува дека и таа и полицијата го прегледувале нејзиниот компјутер, но дека не пронашле ништо.

Ѓорчевска појаснува дека полицијата ги прегледувала и камерите и сите достапни материјали и докази што би можеле да помогнат во наоѓање на исчезнатата Вања.

Мајката реагира на написите и коментарите на јавноста, кои упатуваат критики за работата на полицијата.

„Морав да реагирам затоа што полицијата активно работи на пронаоѓање на нашата Вања. Сите инспектори се вклучени, сите работат. Јас синоќа до три часот по полноќ бев во Полициската станица Беко и сите беа вклучени во потрагата. Вклучени сме сите, и полицијата, и роднини, и пријатели и другарчињата. Сега излепивме и постери со ликот на Вања во Центар за полесно пронаоѓање“, раскажува мајката.

Телефонот на Вања, како што додава, и натаму е исклучен.

„Вања излезе вчераутро во 7:20 часот, а јас излегов по неа во 7:40 часот. Набргу ми се јави нејзината класна и ми кажа дека Вања не е на училиште. Јас веднаш ја побарав, но беше недостапна, телефонот ѝ беше исклучен. Проверив на Google Maps и видов дека последно е регистрирана во близина на ‘Броз кафе’ на ‘Партизанска’“, појаснува таа.

Вели дека Вања била весела вечерта пред настанот и дека ништо не наведувало оти нешто такво може да се случи.

„Вечерта беше весела, весела си отиде на училиште, не сме се расправале, отворено си разговараме за сè. Ги распрашав сите нејзини другарчиња. Тие доаѓаа и претходно тука, се дружеа, си седеа. Но, никој вчера не ја видел Вања во училиште“, кажува мајката.

„Како родители мислиме само на најлошто. Надлежните ни велат дека досега не памтат сличен ваков случај“, додава Ѓорчевска.

МВР апелира да не се шират дезинформации и дека постојано ќе ја информира јавноста сè до наоѓање на малолетничката.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Стигнуваат реакции за трагедијата во Кочани, МВР потврди дека има приведени

Read more

Црн ден за Македонија: 51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани

Read more

Хроника

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Read more

Кавадарчанец со BMW дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава

Read more

Малолетничка уценувана со објавување експлицитно видео откако се обидела да ја прекине врската

Read more

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството зад „Мавровка“

Read more
 

Вести

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Читај повеќе

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Читај повеќе

Обвинителскиот тим за пожарот во Кочани е проширен

Читај повеќе

Двајца пациенти се на респиратор, некои се со 60 отсто изгореници

Читај повеќе

Повеќето од починатите загинале во стампедото во дискотеката

Читај повеќе

Европските земји разговараат за воведување воен рок

Читај повеќе

Ќе биде прогласена 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали српската полиција употреби звучен топ на вчерашните протести во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Читај повеќе