Исчезнати Оскари – Кој ги изгуби и каде се сега?

Ако внимателно ја следите филмската индустрија, веројатно знаете дека Оскарот кој го доби Френсис Мекдорманд за Најдобра главна женска улога на овогодинешните Оскари ѝ беше украден. Но, таа не е единствената која ја изгубила својата златна статуетка.

Сите случаи на изгубени или украдени Оскари се многу чудни. Некои од нив многу смешни, некои толку бизарни што претставуваат мистерија.

До 1943 година, Академијата доделуваше плакети наместо златни статуетки на актерите и актерките кои ја добиваа наградата за Најдобра споредна улога. Кога конечно тоа се смени, на Хети Мекдениел ѝ беше доделена статуетката која ѝ следуваше поради освојувањето на оваа награда за улогата во филмот „Gone With the Wind“. Таа го донираше нејзиниот Оскар на универзитетот Хауард, но тој беше украден од местото каде беше изложен во 1970 година и останува исчезнат сѐ до денес.

Актерката Олимпија Дукакис доби Оскар за Најдобра споредна женска улога во 1988, за улогата во филмот „Moonstruck“. Една година подоцна, некој обил во домот на актерката и ја украл златната статуетка која стоела во кујната од семејниот дом на Дукакис. Крадецот му се јавил на нејзиниот син, барајќи голема сума за откуп ако тие сакаат повторно да го видат Оскарот во нивниот дом. Наместо откуп, синот само ја спуштил слушалката и наредниот ден актерката се јавила во Академијата за да си нарача замена на статуетката, за која морала да плати само 78 долари.

До 1950 година важеше правилото со кое Академијата им забранува на добитниците да ги продаваат нивните Оскари, но откако видоа дека нема начин да го сопрат ова, правилото беше укинато. Поради тоа, во 1999 година, Мајкл Џексон одвои 1,54 милиони долари за да го купи Оскарот кој Дејвид Селзник го доби во 1940 за „Gone With the Wind“, кој тогаш беше избран за Најдобар филм. Џексон го чуваше Оскарот во неговиот имот Neverland, но по неговата смрт во 2009 година, тој едноставно исчезна.

Откако почна истражувањето за недоличното однесување на Харви Вајнстин, исчезнуваа документи, личен посед на Харви и на компанијата, како и две Оскар статуетки кои The Weinstein Company ги доби за филмовите „The King’s Speech“ и „The Artist“. По нив има потрага веќе четири месеци, но сѐ уште не се пронајдени.

Вупи Голдберг ја има можеби најинтересната приказна со изгубена Оскар статуетка. Таа ја доби нејзината награда за улогата во филмот „Ghost“ во 1991 година, а во 2002, кога ја пратила статуетката на чистење во фирмата R.S. Owens & Company, таа не стигнала на дестинацијата. Кога вработените во фирмата го отвориле пакетот каде требало да стои златната статуетка, откриле дека таа исчезнала. Сепак, Оскарот се појави неколку дена подоцна на аеродромот во Онтарио, Канада. Според полицијата, некој го украл за време на транспортот, но потоа се уплашил дека ќе биде фатен и само го оставил во една од корпите на аеродромот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе