Пријавени се за исчезнати две женски лица, едно до Берово, а другото од Велес.
На 19.05.2017 година во 08.30 часот во ПС Берово, М.Н. и З.Н. од Берово пријавиле дека на 18.05.2017 година во 07.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила нивната 17-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.
На 19.05.2017 година во 18.45 часот во ПС Велес, М.Б. (42) од Велес пријавил дека на 18.05.2017 година од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Б.Б. (38).
СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на лицето.