Три лица се пријавени за исчезнати вчера во полиција.
Д.Џ.(44) од Скопје пријавила дека на 1 јуни околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка.
И.З.(37) од Куманово пак пријавил дека истиот ден околу 15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15-годишна ќерка.
С.С.(46) од селото Чардаклија, Штипско, пријавил дека на 01 јуни од 20 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38).
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.