Искористете го кафето кое нема да го испиете

Веројатно често ви се случува да носите кафе во термос на работа и да не го испиете целото. Сепак, телото може да поднесе само одредена количина кофеин дневно. Но, не го фрлајте кафето бидејќи постојат начин тоа да се искористи за друга намена.

Не мора да значи дека кафето откако ќе се олади е неупотребливо, само треба да внесете малку креативност за да му најдете алтернативна употреба.

Можете, на пример, да направите сируп за коктели од преостанатото кафе. Ако пиете турско кафе, тогаш најпрво ќе треба да го процедите низ цедалка за да не остане крупен дел од талогот. Потоа, откако ќе го ставите кафето во ѓезве за да го згреете, додајте му две супени лажици обичен, бел шеќер и мешајте додека тој не се растопи целосно. Откако ќе го направите тоа, ставете го сирупот во фрижидер и употребете го нареден пат кога ќе сакате да направите некој домашен коктел.

Уште една алтернативна намена за преостанатото кафе е да направите ледени коцки од него. Процесот е многу едноставен, кафето кое нема да го испиете сипете го во калап за ледени коцки и оставете го калапот во замрзнувач. Нареден пат кога ќе сакате да пиете ледено кафе или нес-кафе, разладете го со ваква ледена коцка со вкус на кафе.

За крај, можете да пробате да направите ледено лижавче од кафе. Измешајте го преостанатото кафе со млеко со поголема масленост (3,2%) и сипете ја смесата во калап за сладолед (или пак повторно во калап за ледени коцки). Замрзнете го калапот и за неколку часа ќе имате ледено лижавче со вкус на кафе.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе