Искрен трејлер за Barbie
Филмот Barbie на Грета Гервиг, со Марго Роби во главната улога, е еден од најуспешните филмови во историјата.
Од премиерата во јули годинава, филмот има заработено 1,407 милијарда долари на киноблагајните, со што стана филм со најголема заработка годинава, филм со најголема заработка режиран од жена, филм со најголема заработка воопшто од студиото Warner Bros. и е на 14-тото место на листата филмови со најголема заработка досега.
Screen Junkies сега подготвија и искрен трејлер за филмот што руши рекорди и го менува мислењето на јавноста за феминизмот и родовите улоги.