Искрен трејлер за „Bright“
Првиот високобуџетен долгометражен филм на Netflix, наречен „Bright“, со Вил Смит во главната улога, не помина баш најдобро ниту кај гледачите, ниту пак кај критичарите. Затоа, ова беше совршен материјал за анализирање на филмот преку еден искрен трејлер.
Секогаш вредната екипа на YouTube каналот Screen Junkies направи искрен трејлер во кој ги истакна силните страни, но и слабостите на еден од најзборуваните филмови за минатата година, „Bright“.