Искрен трејлер за „Deadpool 2“
„Deadpool 2“ беше огромен хит во светските киносали, но тоа не е доволна причина за да биде лишен од критиките на острото око на критичарите. Како многу филмови претходно, и тој доби Искрен трејлер, кој е скоро еднакво забавен колку и филмот.
Во Искрениот трејлер за „Deadpool 2“ се појавува и самиот Deadpool, кој се обидува да се одбрани од претераните критики од екипата на Screen Junkies.