Искрен трејлер за „E.T. the Extra-Terrestrial“
Легендарниот научно-фантастичен филм „E.T. the Extra-Terrestrial“ ја освои јавноста во 1982 година кога првпат тоа лето се прикажа во кината.
„E.T. the Extra-Terrestrial“ денес се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. Режијата е на Стивен Спилберг, тој е и копродуцент заедно со Кетлин Кенеди, сценариото го напиша Мелиса Метисон, а музиката е на Џон Вилијамс.
Во главните улоги се Хенри Томас, Питер Којоти, Ди Волас, Роберт МекНотон и Дру Баримор.
Сега доби и искрен трејлер.