Искрен трејлер за „No Time to Die“
Последниот Џејмс Бонд филм со Даниел Крег требаше да има премиера лани, но беше одложена поради пандемијата со COVID-19.
Филмот помина добро на киноблагајните во САД, но сепак не толку добро колку што се очекуваше. Приказната е следна: Бонд ужива во мирниот и повлечен живот во Јамајка. Мирот ќе му биде нарушен кога агент на ЦИА ќе побара помош од него. Мисијата е да се спаси киднапиран научник, но целата работа не се одвива според планираното и Бонд се соочува со мистериозен негативец вооружен со опасна нова технологија.
По критиката, на ред се Screen Junkies и нивниот искрен трејлер за последниот филм во кој Крег го игра агентот 007.