Искрен трејлер за серијата „Friends“
Поминаа скоро 26 години од емитувањето на првата епизода на популарната ТВ-серија „Friends“. Рејчел, Рос, Чендлер, Џои, Фиби и Моника тогаш станаа омилени ликови на милиони гледачи низ светот.
Серијата се емитуваше од 22 септември 1994 година до 2004 година, со 236 епизоди, а финалната епизода ја гледаа повеќе од 52 милиони гледачи.
Мегапопуларната серија и понатаму ги освојува симпатиите на гледачите ширум светот.
Екипата на Screen Junkies направи искрен трејлер за „Friends“. Погледнете го видеото.