Искрен трејлер за Thor: Love and Thunder
Најновото продолжение за суперхеројот Тор, кое излезе годинава, конечно доби и искрен трејлер.
На барање на фановите тимот на Screen Junkies изработи искрен трејлер за 29-тиот филм од Marvel универзумот, „Thor: Love and Thunder“.
Во режија на Таика Ваитити, филмот е продолжение на „Thor: Ragnarok“ од 2017 година. Сценариото го нашиша самиот режисер заедно со Џенифер Кејлин Робинсон.
Во главната улога како Тор е Крис Хемсворт, кој всушност од 2011 година редовно се појавува во сите филмови на Marvel каде се појавува и неговиот лик, без разлика дали е во главна или во споредна улога.
Остантите улоги ги толкуваат Кристијан Бејл, Теса Томпсон, Џејми Александер, Расел Кроу и Натали Портман, а глуми и самиот режисер Ваитити.