Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Лондон, во кој беа починаа четири луѓе, а 29 беа повредени, пишува Guardian.
Новинската агенција Amaq, која за свои цели ја користат терористите од Исламска држава, издаде соопштение во кое групата ја презема одговорноста за нападот. Агенцијата не го открива идентитетот на „војникот на Исламска држава“, одговорен за нападот покрај Британскиот парламент.
Премиерката Тереза Меј на вчерашното обраќање изјави дека напаѓачот кој вчера уби тројца луѓе, меѓу кои и полицаец, од претходно им бил познат на службите. Таа откри дека тој е роден во Велика Британија. Претходно бил под истрага поради поврзаност со екстремисти, но било заклучено дека тој е споредна личност.
„Полицијата смета дека тој делувал сам и дека не постојат причини кои укажуваат дека се планирани нови напади“, изјави Меј.