Исплата на јануарските пензии на 26 јануари

Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) – Владата вечерва на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година.

Фото: Кајгана
Фото: КАЈГАНА

Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година.

За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година.

Владата на седницата за државен секретар на Министерството за внатрешни работи ја именуваше Магдалена Несторовска, која што и досега ја извршуваше оваа должност, а Сашо Тасевски го назначи за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, кој, исто така, и досега беше на оваа должност.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе