На Instagram страницата на Евровизија беше објавено видео во кое пред финалето се бара од натпреварувачите да го предвидат победникот, а повеќето од оние кои го гледаа веруваа дека тоа е доказ дека натпреварот бил наместен.
Видеото беше прегледано повеќе од милион пати за само 15 часа, а сите натпреварувачи прикажани како победници ја избраа Швајцарија.
„Побаравме од нашите натпреварувачи да го предвидат победникот. Дали го прбија кодот?“, гласи прашањето, алудирајќи на насловот на победничката песна „The Code“ на швајцарскиот претставник Немо.
Иако во видеото беа издвоени само оние кои го погодија победникот, поради големиот број артисти кои ја предвидоа победата на Немо, фановите сметаат дека изборот бил наместен.
„Никој не избрал никој друг освен Швајцарија?“ праша еден корисник под видеото.
Видеото поттикна многумина да веруваат дека натпреварот е наместен: „Ова видео е доказ дека Евровизија беше наместена“, „Многу природно и неисфорсирано“, „Колку се платени?“, „Неполитички“, „Значи имаше лажен победник уште пред финалето“.
Немо победи со песната „The Code“, иако обложувалниците и гледачите ја очекуваа победата на хрватскиот претставник Бејби Лазања.