Исплива видео со Ивана Кнол од 2016: Како изгледаше порано „огнената“ Хрватка?

Хрватската навивачка Ивана Кнол, која предизвика бурни реакции на Светското првенство во Катар, не изгледала секогаш како денес.

Ако некој успеал да биде главна ѕвезда на Мундијалот, без да биде на теренот, тоа е дефинитивно Ивана Кнол. Жешката Хрватка беше прогласена за најубава навивачка во Катар, а светските медиуми со недели зујат за неа.

Таа привлекува огромно внимание со модните комбинации со мотиви на хрватската шаховница.

Најголемо внимание привлече кога и шеиците посегнаа по мобилните телефони за да ја фотографираат.

Сите ги знаат посебните правила на облекување во Катар, па има и такви кои не ја поддржуваат Ивана што ги истакнува нејзините атрибути.

Како и да е, оваа атрактивна Хрватка е навикната да се фали со својата убавина.

Си ја проба среќата во 2016 година кога се натпреваруваше за Мис Загреб. Не успеа да победи, но беше прогласена за втора придружничка. Малку подоцна, во истата година, Ивана сакаше да ја освои титулата на изборот за Мис на Хрватска. Успеа да влезе во финалето како Мис на дијаспората, но и тогаш не успеа да ја освои круната.

Таа денес ги истакнува сите свои атрибути - облините ги истакнува со тесна гардероба, сака силна шминка, а особено црвениот кармин кој обожава да го носи за време на натпреварите. Сепак, Ивана изгледаше малку поинаку во 2016 година. За време на натпреварот носеше лелеави, елегантни фустани, минимална шминка и не ги истакна своите бујни гради. Многумина сметаат дека тогаш била поубава, но проценете сами.

Да потсетиме дека британски The Sun, американски The New York Post и австриски Heute се само дел од светските медиуми кои пишуваа за Ивана. Верувале или не, повеќе од половина милион луѓе ја заследиле Хрватката од почетокот на Светското првенство. Погледнете како изгледаше Ивана Кнол пред шест години:

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Стил

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе