ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Историја во фудбалот: Прв пат судијки на машкиот Мундијал

Мундијалот во Катар по многу нешта ќе биде посебен, а сега ФИФА донесе нова револуционерна одлука откако назначи три главни судијки да ја делат правдата на натпреварите.

За прв пат во мундијалската истприја женски судии ќе судат натпревари од машкиот Мундијал. Тоа ќе се случи наесен кога во Катар ќе се соберат 32-те најдобри светски репрезентации.

ФИФА ги одреди судијките Јамашита Јошими од Јапонија, Стефани Фрапар од Франција и Салима Мукансанга од Руанда, кои ќе ја имаат честа да се запишат во историјата.

Ним ќе им помагаат и три помошни судијки и тоа Неуза Бак од Бразил, Карен Диас Медина од Мексико и Кетрин Несбит од САД.

URL

Судијките се дел од листата на 36 судии кои ФИФА ги објави за завршницата, а таму се и 69 помошници и 24 судии задолжени за ВАР собата.

„Како и секогаш, критериумот што го применуваме е 'квалитетот е на прво место'. Избраните арбитри го претставуваат највисокото ниво на судење во светот. Со ова се комплетира долгиот процес кој започна пред неколку години со воведувањето на судијки на машките турнири за јуниори и сениори на ФИФА. На овој начин јасно ставаме до знаење дека нè интересира квалитетот, а не полот. Се надевам дека делегирањето на судијки за натпреварите од машкото првенство ќе биде нешто нормално, а не сензационално“, изјави претседателот на судиската комисија на ФИФА, поранешниот легендарен судија Пјерлуиџи Колина.

Светското првенство во Катар почнува на 21 ноември.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе