Првите Олимписки игри за е-спорт, за кои ИОК преговара за вклучување на игриците „League of Legends“, „Street Fighter“ и „Rocket League“ меѓу дисциплините, ќе се одржат во Саудиска Арабија во 2025 година.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) официјално на состанокот во Париз го одобри формирањето на Олимписките игри во еСпортот. ИОК овој настан го смета за историски, додека претседателот на таа организација, Томас Бах, одлуката ја нарече „почеток на нова ера“.
Комитетот на почетокот на јули објави дека првата Олимпијада за еСпорт, официјално Олимписки еСпортски игри, ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2025 година, но нивното одржување дури сега е официјално одобрено. ИОК потпиша и 12-годишен договор за соработка со Саудиска Арабија.
„Со создавањето на Олимписките еСпортски игри одржуваме чекор со дигиталната револуција“, рече Бах.
A HISTORIC VOTE!
— IOC MEDIA (@iocmedia) July 23, 2024
The 142nd IOC Session votes for the creation of the Olympic Esports Games.
Mark the date 🥳 pic.twitter.com/CPRrwrirba
ИОК веќе почна да го развива квалификацискиот процес за учесниците, како и други детали, како што е изгледот на локациите каде што ќе се одржат Игрите. Според француски L'Équipe, Комитетот преговара за вклучување на игриците „League of Legends“, „Street Fighter“ и „Rocket League“ меѓу дисциплините на Олимпијадата за еСпорт.
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) претходно објави дека планира да биде домаќин на официјален фудбалски турнир за еСпорт на кој ќе се игра видео игрицата „Rocket League“. Тој турнир ќе се одржи пред крајот на 2024 година, што ФИФА го оцени како „револуционерен“ потег.