Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми со 3:1 го совлада Португалецот Жаиме Фариа и се пласираше во осминафиналето на Австралија опен. Во исто време, направи историски подвиг.

Ѓоковиќ победи со 6:1, 6:7, 6:3 и 6:2 за точно 3 часа игра. На српскиот тенисер не му беше лесно, но одлично се снајде во три од четирите сета и сосема заслужено избори пласман меѓу најдобрите 32 тенисера на првиот Грен слем турнир во сезоната.
Моментално седмиот играч во светот имаше мали проблеми само во вториот сет. Португалецот одлично сервираше и не му дозволи на Ѓоковиќ да го скрши со својата препознатлива игра.
Фариа имаше брејк предност во вториот сет, водство од 5:2, но ниту тоа не беше гаранција за освојување на сетот. Ѓоковиќ се врати на 6:6 и го одведе сетот во тај-брејк, но таму подобро се снајде 125-тиот играч во светот и ги израмни сетовите на 1:1.
Сепак, тоа беше сѐ што видовме од Португалецот, бидејќи Ѓоковиќ беше доминантен во следните два и извојуваше нова победа.
Тоа беше историски ден за Ѓоковиќ. По денеска, го престигна Роџер Федерер по бројот на настапи на Грен слем турнирите. Колку и да звучи неверојатно, Ѓоковиќ денеска го одигра својот 430-ти меч на Грен слем турнирите.
430 - Novak Djokovic is now the player with the most Grand Slam Singles matches played in the Open Era (430, surpassing Roger Federer). Legend.#AO2025 | @AustralianOpen @atptour pic.twitter.com/Cp1ugwB6qu
— OptaAce (@OptaAce) January 15, 2025
Исто така, Ѓоковиќ е првиот играч во историјата кој забележал 150 Грен слем победи по навршувањето на 30-годишна возраст. Тој подвиг е веќе виден, но само во женска конкуренција каде што тоа го направи Серена Вилијамс.
Српскиот тенисер во осминафиналето ќе игра против чешкиот тенисер Томаш Махач, кој во моментов е 25-ти светски играч и кој по пет сета рано утринава беше подобар од Рајли Опелка.