Победата на Њујорк Никс над Далас Маверикс 128:113 ќе остане запишана со златни букви во историјата на франшизата.

Во култниот „Медисон Сквер Гарден“, Никс до победата го предводеа Карл-Ентони Таунс и Џош Харт. Двајцата имаа двоцифрен учинок во три статистички категории.
Таунс мечот го заврши со 26 поени, 12 скокови и 11 асистенции, Харт имаше ист број на скокови и асистенции, а постигна 16 поени. Инаку, најефикасни играчи на натпреварот беа ОуЏеј Ануноби кај Никс со 35, односно Наџи Маршал кај Далас, со личен рекорд од 38 поени.
Таунс и Харт стана единствените двајца играчи на Никс во историјата кои забележале трипл-дабл во ист натпревар.
Џош Харт го собори рекордот на Волт Клајд Фрејџер од 1969 година. Легендарниот играч на Никс постигна 8 трипл-дабли таа сезона, а Џош сега го надмина, бидејќи мечот против Кингс беше негов деветти оваа сезона во кој имаше двоцифрен учинок во три статистички колони.
out here playing for each other 🤝
— NEW YORK KNICKS (@nyknicks) March 26, 2025
KAT 26 PTS | 12 REB | 11 AST
Josh 16 PTS | 12 REB | 11 AST
OG 35 PTS | 2 STL
Mikal 21 PTS pic.twitter.com/s9WGhnCIqf