Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен пристигнаа на Меѓународната вселенска станица.
Вселенската капсула Dragon успешно го исполни првиот дел од задачата. Астронаутите почекаа за дополнителни проверки пред да им се придружат на руските и американските колеги.
Летот траеше 19 часа, а се очекува астронаутите да престојуваат 4 месеци на Станицата. По лансирањето SpaceX стана првата приватна компанија која испрати астронаути во вселената. Тоа досега го постигнаа три земји, Русија, САД и Кина.