Историски НБА натпревар за Адетокунбо

Оваа сезона НИкола Јокиќ стана само третиот играч во историјата на НБА кој постигнал трипл-дабл со најмалку 20 поени и без ниту едно промашување од поле. Пред него тоа го направија Дрејмонд Грин и многу одамна Вилт Чембрлен двапати, а сега им се приклучи и Јанис Адетокунбо.

Greek Freak постигна 20 поени, 13 скока и 10 асистенции со совршен шут од поле (9/9), во кој реализираше и една тројка, но стандардно беше несигурен од линијата за слободни фрлања (3/7).

URL

 Неговите Милвоки Бакс ги победија Торонто Репторс со 118:111 и со резултат 51-20 го обезбедија лидерското место на Истокот.

Remote video URL

Јокиќ синоќа оствари и нов трипл-дабл, 28-ми во сезоната, но сепак промаши три шута (9/12) за учинок од 22 поени, 17 скока и 10 асистенции. Неговите Денвер Нагетс ги совладаа Бруклин Нетс со 108:102 на гостински терен, што е само втора победа во последните седум натпревари, но со скор од 48-24 и понатаму се сигурни на врвот на Западот.

Remote video URL

Ивица Зубац оствари нов дабл-дабл, трет во низа и 24-ти сезонава, постигнувајќи 14 поени (7/11 шут), 10 скока, две асистенции и една украдена топка во победата на ЛА Клиперс во Портланд од 117:102. . Расел Вестбрук беше на дофат на својот прв трипл-дабл откако им се приклучи на Клиперс, а вкупно 199-ти во кариерата, но со 12 скока и 10 асистенции остана на девет поени.

Remote video URL

Ривалите во плејофот на Тандер, ЛА Лејкерс, ги победија Орландо со 111:105 благодарение на играта во кариерата на Остин Ривс, кој постигна 35 поени.

Remote video URL
Резултати:

Бруклин - Денвер 102:108

Оклахома Сити - Феникс 124:120

Сан Антонио - Атланта 126:118

Детроит - Мајами 100:112

Хјустон - Њу Орлеанс 107:117

Милвоки - Торонто 118:111

Портланд - ЛА Клиперс 102:117

ЛА Лејкерс - Орландо 111:105.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Кошарка

Ништо од пресвртот за историја: Мајами ги декласираше Селтикс за финале во НБА

Read more

Скоти Пипен: Мајкл Џордан беше ужасен играч

Read more

Везенков оди во НБА, ќе го засили Сакраменто

Read more

Бостон го победи Мајами и се доближи до пресврт досега невиден во историјата на НБА

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Губење титула на бугарски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Вегас со фуриозна последна третина поведе во финалето против Флорида 

Читај повеќе
  • play_arrow

Свирежи за крај: Меси неславно испратен од ПСЖ

Читај повеќе

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе