Историски пресврт на Кливленд во Индијанаполис

Кошаркарите на Кливленд, изминатата ноќ испишаа историја во НБА лигата, откако победија кај Индијана, иако во еден момент беа во негатива од 26 поени. Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше тимот до третата победа во четвртфиналната серија против Индијана.

Кливленд, изминатата ноќ, успеа да оствари нешто што претходно не го направил ниту еден тим во историјата на НБА лигата, победи на гостински терен иако во еден момент заостануваше 26 поени.

Кливленд победи во Индијанаполис со 119:114. Леброн Џејмс забележа трипл-дабл (41 поен, 13 скокови, 12 асистенции). Џејмс го запиша 17-от трипл-дабл во кариерата, кога се работи за плајофот и на вечната листа се израмни со Меџик Џонсон.

Џејмс постигна 28 поени во второто полувреме, тој беше толку доминантен на теренот што во последната четвртина на клупата ги остави Кајри Ирвинг и Кевин Лав.

Индијана ја пропушти последната шанса да направи изненадување во првото плејоф коло. Пејсерси беа предводени од пол Џорџ (36 поени, 15 скокови, 9 асистенции).

Четвртиот натпревар се игра во недела, а домаќин повторно ќе биде Индијана.

На другите два натпревари: Милвоки го декласира Торонто 104:77 и во серијата води со 2-1, додека Мемфис го победи Сан Антонио 105:94 и го намали резултатот на 2-1. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе