Американската академија за филмски уметности и науки вчера ги соопшти овогодинешните номинации за филмските награди Оскар кои секоја година се доделуваат како признание за професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи актери, режисери, сценаристи и други филмски работници.
На Мишел Јео ѝ беа потребни 59 години да ја добие првата главна улога во холивудски филм. Ѝ беа потребни 95 години за Академијата за филмски уметности и науки да ѝ даде признание на жена која се идентификува како Азијка, со номинација во категоријата Најдобра актерка.
„Помина долго време. Но, мислам дека ова е поголемо од мене“, изјави Јео за The Hollywood Reporter во вторникот по објавувањето на номинациите, зборувајќи за историската номинација.
„Сега постојано, цело време, Азијци ми приоѓаат и ми велат: ‘Можеш да го направиш тоа, го правиш тоа за нас.’“, вели актерката, додавајќи дека ги разбира дека се чувствуваат како првпат да се слушнати и видени.
Номинацијата на Јео е голем чекор напред за Академијата (иако задоцнет!), по долгогодишните критики за недостатокот на диверзитет во изборот, по родова и расна основа, пред сè. Критиките кулминираа со бојкот од некои афроамерикански актери кои ги бојкотираа Оскарите обединети под хаштагот #OscarsSoWhite.
Категоријата за најдобра актерка на Оскарите е историски една од категориите во која доминираат белите жени и сериозно недостига диверзитет. Жените од расните малцинства во филмската индустрија се уште помало малцинство кога станува збор за номинирани - Хали Бери е единствената победничка, од пред повеќе од 20 години, за Monster’s Ball. Едвај десет Афроамериканки биле номинирани за најдобра актерка (првата беше Дороти Дендриџ во 1955 година) и само четири Латиноамериканки добиле номинација во актерските категории (почнувајќи со Фернанда Монтенегро во 1999 година), вклучувајќи ја и Јалица Апарисио, која исто така е само една од двете домородни жени номинирани за најдобра актерка (првата беше Кеиша Касл-Хјуз во 2004 година).
Номинацијата на Јео дава надеж дека Оскарите конечно ќе излезат од стереотипното избирање и ќе овозможат поголем диверзитет и опфатеност на различните групи.
Научно-фантастичната акција-комедија „Everything Everywhere All at Once“ во која игра Јео доби најмногу (11) номинации, додека воената драма „All Quiet on the Western Front“ и островската драмедија „The Banshees of Inisherin“ по девет номинации за наградите Оскар, кои годинава на 12 март ќе се одржат по 95-ти пат во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
Преку стриминг во живо, вчера беа соопштени сите номинирани, а во трката за најдобар филм влезе и новото остварување за „кралот“ на рокенролот, „Elvis“, кој доби осум номинации. Биографската драма е номинирана и за најдобар актер, монтажа, кинематографија, костими и звук.
Во конкуренција е и последниот филм на Стивен Спилберт, „The Fabelmans“ со седум номинации меѓу кои за режија и оригинално сценарио, потоа „Top Gun: Maverick“ со Том Круз кој ќе брка Оскар преку шест номинации, исто колку и „Tár“ на Тод Филд, каде Кејт Бланшет е меѓу фаворитите во категоријата за најдобра женска улога.
Авантурата на Џејмс Камерон „Avatar: The Way of Water“ доби пет номинации, најмногу во техничките категории.
Сатирата на Роберт Остлунд „Triangle of Sadness“ исто така е номинаран за најдобар филм, но има можност да земе Оскар и во категоријата за најдобра режија и оригинално сценарио.
Во „топ 10“ трката е и историската драма „Women Talking“ на Сара Поли, каде своја улога има Руни Мара.
Оскарот е со позлатена статуетка во облик на човек, изработена од британиум, со црна метална основа, а висока 34 сантиметри и тешка 3,85 килограми.
Најдобар филм:
„All Quiet on the Western Front“
„Avatar: The Way of Water“
„The Banshees of Inisherin“
„Drive My Car“
„Elvis“
„Everything Everywhere All at Once“
„The Fabelmans“
„Tár“
„Top Gun: Maverick“
„Triangle of Sadness“
„Women Talking“
Најдобар режисер:
Даниел Кван и Даниел Шајнерт – Everything Everywhere All at Once
Мартин Мекдонаг – The Banshees of Inisherin
Тод Филд – Tár
Стивен Спилберг – The Fabelmans
Рубен Остлунд – Triangle of Sadness
Најдобра актерка:
Кејт Бланшет – Tár
Ана де Армас – Blonde
Мишел Јео – Everything Everywhere All at Once
Мишел Вилијамс – The Fabelmans
Андреа Рајзборо – To Leslie
Најдобар актер:
Остин Батлер – Elvis
Колин Фарел – The Banshees of Inisherin
Брендан Фрејзер – The Whale
Пол Мескал – Aftersun
Бил Наји – Living
Најдобра споредна актерка:
Анџела Басет – Black Panther: Wakanda Forever
Кери Кондон – The Banshees of Inisherin
Џејми Ли Кертис – Everything Everywhere All at Once
Стефани Хсу – Everything Everywhere All at Once
Хонг Чау – The Whale
Најдобар спореден актер:
Брендан Глисон – The Banshees of Inisherin
Џад Хирш – The Fabelmans
Бери Кеоган – The Banshees of Inisherin
Ке Хуј Куан – Everything Everywhere All at Once
Брајан Тајри Хенри – Causeway
Целата листа со номинации може да ја погледнете ТУКА.