Истрага: Малезискиот авион над Украина бил урнат со руска ракета

Амстердам, 24 мај 2018 (МИА) - Меѓунардониот истражен тим за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина во јули 2014 години, денеска соопшти дека утврдил оти леталото било погодено со руска ракета.

„По внимателна анализа на видео снимките утврдено е дека ракетата „Бук“ со која беше урнат авионот на Malaysia Airlines на летот МХ17 и припаѓала на руска воена единица стационирана во Русија“, изјави претставникот на холандската полиција Вилберт Паулисен.

Според него, ракетата била дел од вооружувањето на руската 53-та Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск.

На денешната презентација на прелиминарниот извештај на истражниот тим беше емитуван и филм, на кој според истражителите, е прикажан патот на ракетата од Курск до источна Украина. 

Холандскиот обвинител Фред Вестербеке од своја страна изјави дека иако има суштински напредок во истрагата, се уште не може со сигурност да се каже кој и зошто го урнал авионот.

„Во врска со случајот се осомничени неколку десетици лица“, додаде Вестербеке,

Авионот на Malaysia Airlines на релација од Амстердам до Куала Лумпур беше соборен со ракета над источна Украина на 17 јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на леталото.

За уривањето на авионот меѓусебно се обвинуваат укранската армија и проруските сепаратисти од источна Украина.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе