Истрага против две лица за трговија со дете

Скопје, 18 Јуни 2019 (МИА)  – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава  донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово, кои се сомничат дека сториле по едно кривично дело – трговија со дете.

„Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето“, соопштија од ОЈО.

Наведоа дека второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.

„Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa“, посочија од ОЈО.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе