Истрага за португалското државјанство на Абрамович

Рускиот милијардер Роман Абрамович, кој од минатата недела не е повеќе сопственик на Челси, под сомнителни околности се стекнал со португалско државјанство за што полицијата почна истрага и го уапси рабинот Даниел Литвак, кој му овозможил да ги добие документите, објави весникот „Ел Паис“.

Истрагата, како што пишува португалскиот весник, почнала во јануари годинава кога се појавиле сомневања дека еврејската заедница во Порто фалсификува документи за наводно сефардско потекло на Евреи и учествува во „перење пари“.

Со измените на Законот од 2015 година со португалско државјанство можат да стекнат лица кои ќе докажат дека се потомци на сефарските Евреи, протерани во 1496 година со одлука на кралот Мануел Први. Сефардите се Евреи кои живееле на подрачјето на Пиринејскиот Полуостров, а од Шпанија биле протерани од католичките кралеви во 1492 година.

Во изминатите неколку години, според „Ел Паис“, биле поднесени вкупно 85.000 барања за португалско државјанство врз основа на сефардско потекло, од кои биле одобрени повеќе од 32.000.

Околу 90 отсто од тие барања, меѓу кои и тоа на Абрамович, биле поднесени од еврејската заедница во Порто.

Иако Абрамович добил португалско државјанство, тоа остана скриено од јавноста до есента лани кога веста ја објави весникот „Публико“.

Олигархот Абрамович, кој поседува руско, израелско и литванско државјанство, е еден од главните донатори на Музејот на холокаустот во Порто, отворен во април 2021 година. Еден месец подоцна, Абрамович пристигна во Порто за да присуствува на финалето од Лигата на шампиони меѓу клубот во негова сопственост Челси и Манчестер сити.

Претходно оваа недела, британската Влада, поради руската инвазија врз Украина, му го замрзна целиот имот на Абрамович, а тој се повлече од раководството во Челси. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе