Истрагата покажа: Уништени се 250 метри од гасоводот Северен поток 1

Еден крак од гасоводот „Северен поток 1“  е уништен во должина од околу 250 метри при експлозија кон крајот на септември, соопшти денес операторот.

Според прелиминарните резултати од истрагата, има два кратери на морското дно, секој длабок од 3 до 5 метри, соопшти компанијата Nord Stream AG.

Тие се наоѓаат на околу 248 метри оддалеченост еден од друг.

„Делот на цевката меѓу кратерите е уништен, радиусот на дисперзија на фрагменти од цевката е најмалку 250 метри“, соопшти компанијата.

На крајот на септември беа откриени четири истекувања во гасоводите Северен поток 1 и 2 по експлозиите во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, по две во данската и шведската ексклузивна економска зона.

ЕУ и НАТО, меѓу другите, претпоставуваат дека се работи за саботажа.

Двата гасоводи минуваат од Русија до североисточна Германија. Работењето на гасоводите стана многу чувствителна политичка тема со почетокот на руската инвазија на Украина на крајот од февруари. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе