Истражна постапка и 30 дена притвор за активистката Моника Ристевска

Скопје, 10 октомври 2018 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против активистката Моника Ристевска за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и ѝ определи 30-дневен притвор.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена, како мерка за обезбедување на присуството во текот на кривичната постапка“, соопшти Jавното обвинителство.

Ристевска е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и ист траен однос, неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која што со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала на уживатели на територијата на Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, на 29 септември 2017 година во скопското село Ракотинци при извршен претрес од овластени службени лица на СВР Скопје, кај осомничената се пронајдени и одземени: една полиетиленска кесичка со нето 27.46 грама, два шприца со вкупен волумен од 9 мм и остатоци од шприцевите со наркотична дрога хашиш смола, една дигитална вага со остатоци од марихуана, две шишиња со вкупен волумен од 2060 мл етил алкохол органски растворувач.

На 5 јули 2018 година во близина на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, од страна на полициски службеници било извршено легитимирање на осомничената и кај неа биле пронајдени два шприца со остатоци од наркотична дрога хашиш смола, а еден шприц со волумен од 2мл со наркотична дрога хашиш смола е пронајден кај сведок на кого што обвинетата му го продала за 3.000 денари.

На 8 октомври годинава на ул. „Мите Богоевски“ во Скопје кај осомничената биле пронајдени: четири шприца со вкупен волумен од 39.7 мл наркотична дрога хашиш смола, темно кафеава масловидна материја со волумен од 12 мл наркотична дрога хашиш масло, семки во стаклен сад со нето маса од 0.42гр кои потекнуваат од растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis – марихуана, растителен материјал во полиетиленски кесички со нето маса од 7.62 грама, полиетиленско пакување с остатоци од растителен материјал марихуана , пакувања со нето маса од 30.15 грама марихуана помешана со тутун, две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога, еден мал вентилатор, два електрични блендери со остатоци од наркотична дрога , едно грејно тело марка „ИЦМ“, еден топломер со остатоци од наркотична дрога, една тегла семки, 19 празни шприцови, две пластични чаши со црвено капаче во кои има кефава маст, две пластични проѕирни црева и една празна полиетиленска кеса со остатоци од непозната материја, три стаклени епрувети со држачи и една пластична туба со налепница „Етанол“ кои сите биле наменети за производство, а потоа и за продажба на наркотична дрога.

Во Република Македонија, согласно чл.215 ст.1 од Кривичниот законик, казниво е неовластеното производство, преработка, продажба или нудење на продажба, како и заради продажба купување, држење, пренесување или посредување во продажба или купување или на друг начин неовластено пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Согласно чл. 20 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, пропишана е прекршочна одговорност и казнување за уживањето во наркотични дроги, психтотропни суптанции и прекурсори.

Во врска со овој случај претпладнево во МВР е закажана изјава за медиумите, а поддржувачи на Ристевски најавија протест пред Јавното обвинителство Скопје.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе