Истражување: 42% од граѓаните би заминале од земјава

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование - универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36%. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48% се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39%.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35% од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25% и Словенија 21%. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија.

Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓани сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка. 

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно.

Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84%, Гана 81% и Нигерија 71%. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14%, Виетнам 8% и Индија 4%.

Анкетата на јавно мислење, информираат од GIA, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90% од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење.

Вкупно 54.329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во РС Македонија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела истражувањето со телефонска анкета (CATI), на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст 18+ години, во текот на август 2022, со маргина на грешка од +/- 3,5%, со ниво на доверба од 95%.

Тагови
реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Македонија

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Read more

Ќе нема вода во дел од Ченто

Read more

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Read more

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Read more

Вести

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Читај повеќе

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Ченто

Читај повеќе

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу 3 милиони денари брзи кредити, меѓу обвинетите и вработен во ФЗО

Читај повеќе