Истражување: Колку штити една доза, а колку две дози на Pfizer?

Објавени се резултатите од најголемото истражување спроведено досега на луѓе кои ја примиле вакцината на Pfizer.

Вакцината дала заштита поголема од 95%, а истовремено истражувањето покажало дека таа заштита значително опаѓа ако личноста се вакцинира само со едната доза, наместо со препорачаните две дози.

Авторите на истражувањето се од израелската Национална кампања за вакцинација и изјавија дека доказите од студијата покажуваат дека пандемијата може да биде завршена со брзи глобални програми за вакцинирање.

Според резултатите објавени во Lancet, анализата од здравствените податоци од Израел, земја со најголем процент на целосно вакцинирани возрасни луѓе, покажа дека вакцината на Pfizer/BioNTech ефикасно ги заштитила и постарите луѓе во време кога доминантна беше заразната британска варијанта.

До почетокот на април скоро 5 милиони луѓе во Израел примиле две дози на вакцината, тоа е повеќе од 70% од населението.

Студијата покажа дека две дози даваат заштита од 95,3%, односно 96,7% заштита од смрт седум ден по втората доза. По 14 дена заштитата се зголемила на 96,5 проценти, односно 98%.

Заштитата е пониска ако луѓето добиле само една доза на вакцина. Меѓу 7 и 14 дена по првата доза е утврдено дека заштитата е 57,7 %, а заштитата од смрт 77%.

Авторите велат дека едната доза може да даде заштита за пократок период, посебно во средина во која се појавуваат нови вирусни честички. Тимот научници вели дека не е проучен ефектот од јужноафриканската вакцина која исто така е идентификувана во Израел.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе