Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар пијалак за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои пијалак кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.
Истражување од шкотскиот универзитет Сент Ендрјус ги спореди рекциите на неколку различни пијалаци на хидратацијата. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е сепак подобро.
Според Роналд Моган, професор на Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалак. Исто така, еден од факторите е нутритивниот состав на пијалакот.
Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот.
Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.