Истражување: Можно е мутираниот COVID-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Генетската верзија на новиот коронавирус што предизвикува COVID-19 и е распространет низ целиот свет, во лабораторија се покажа поспособна да инфицира човечки клетки од оригиналната форма што се појави во Кина, покажува најновото истражување објавено во списанието Cell.

Истражувањето спроведено во лабораторија сугерира дека мутацијата може полесно да се пренесува меѓу луѓето за разлика од претходната варијанта, но сѐ уште не е докажано.

– Мислам дека податоците покажуваат дека постои мутација што овозможува вирусот подобро да се размножува и може да биде придружена од поголема концентрација на вирусот, изјави Ентони Фаучи, главниот американски инфектолог, кој не беше вклучен во истражувањето.

Фаучи додаде дека нема информација дали состојбата на заразеното лице е полоша или не, само се чини дека вирусот успешно се репродуцира и може лесно да се пренесе, но тоа треба да се потврди.

Научниците од лабораторијата во Лос Аламос во Ново Мексико и Универзитетот Дјук во Северна Каролина заедно со Универзитетот Шефилд анализираа примероци објавени од GISAID, светски извор на секвенција на геноми.

Истражувањата утврдија дека сегашната варијанта D614G има мала, но моќна промена во протеините, што се издига од површината на вирусот и користи да се пробие и да ја зарази човечката клетка.

Во април, научниците ги објавија првите наоди на веб-страницата bioRxiv, но беа критикувани бидејќи немаа докази дека мутацијата е одговорна за доминација на таа варијанта во светот затоа што може да биде резултат на други фактори или обична случајност.

Научниците спроведоа ново истражување, во кое анализираа податоци на 999 британски пациенти хоспитализирани поради COVID-19 и откриле дека оние со новата верзија на вирусот имаат поголема концентрација на вирусни честички во организмот, но тежината на нивната болест не била различна.

Лабораториските експерименти покажаа дека оваа верзија има три до шест пати поголема способност да зарази човечка клетка.

Според претходните сознанија, иако варијантата на вирусот што сега циркулира е позаразна, може, но не мора, полесно да се пренесува кај луѓето.

Вирологот Нејтан Грубауг од универзитетот Јејл, кој не учествуваше во студијата, истакна дека ширењето на новата генетска варијанта, „по природна селекција или со обична шанса“, значи дека оваа варијанта сега е причина за пандемијата.

Тој проценува дека истражувањата допрва треба да утврдат дали оваа нова варијанта ќе влијае на развојот на вакцини и лекови и посочува дека не очекува D614G да предизвика промени во мерките за ограничување на ширењето на вирусот или да предизвика посериозна состојба кај заразените.

– Интересно е откритието што може да зафати милиони луѓе, но сѐ уште не го знаеме целосниот обем или неговото влијание, додава Грубауг.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе