Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Трошки за здруженијата на граѓаните во општинските буџети

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави истражувањето „Трошки за здруженијата на граѓаните во општинските буџети“.

Истражувањето открива дека општините преку буџетската ставка 463 - наречена Трансфери до невладини организации - во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа над 90% од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и во одредени општини добивале и по еден милион евра годишно, велат од ЦГК.

Како што објавуваат од ЦГК, истражувањето ги покажало следниве клучни наоди:

• Здруженијата на граѓани и фондациите не ја добиваат потребната финансиска поддршка од општинските буџети. Во просек општините во 2022 година доделиле за здруженијата на граѓани само 0,1% од своите буџети.

• Со исплатите на средства кон професионалните спортски клубови преку буџетската ставка 463 - Трансфери на невладини организации - се создава искривена слика дека поддршката на здруженијата на локално ниво е поголема од реалното.

• Просечната вредност на доделените средства за здруженија на граѓани од општините во 2022 година изнесува скромни 75 илјади денари, а за спортските клубови шест и пол пати повеќе односно просечно по 488 илјади денари.

• Најголем дел од парите што се доделени за НВО се за проекти од областа на социјалната заштита по што следуваат проекти од областа од културата и на животната средина. Речиси и да нема проекти од областа на доброто владеење, со што се оневозможува здруженијата на граѓани да дадат придонес во борбата против корупцијата и кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните власти.

• Јавните повици за доделување финансиска поддршка за НВО се објавуваат на веб-страниците на општините. Но, во нив најчесто не се наведени целите на повикот, висината на средствата, ниту критериумите за избор на предлог-проектите.

• Повеќето од општините не ги објавуваат јавно имињата на организациите што добиле буџетска поддршка, ниту износот на доделените средства и нивната намена. А не се бараат од примателите на средствата ниту да доставуваат извештаи за реализацијата на проектите. Со овој пристап општините не овозожуваат транспарентен и фер пристап до средствата, како и увид во начинот на кои тие се трошат - со што се отвора простор за злоупотреби и корупција.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Македонија

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Read more

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Read more

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Read more

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Read more
 

Вести

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Читај повеќе

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Читај повеќе

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Читај повеќе

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Читај повеќе

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Читај повеќе

Менаџер на продавница во Чаир украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб

Читај повеќе

За една недела 4.490 сообраќајни прекршоци регистрирал Безбеден град

Читај повеќе

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе